Потрагата по Јован Палатинуш (20) од Панчево заврши трагично, потврди мајката на младото момче, според објавите на социјалните мрежи.
Телото на Јован, кој исчезна во близина на Панчево пред три дена, беше пронајдено во неговото возило, извлечено денес од каналот ДТД кај Гребенац.
Младиот човек исчезнал околу 2:45 часот наутро по излегувањето од забава во Вршац со своето возило.
– Јован исчезна пред три дена, а неговото семејство и пријатели живееја во неизвесност. Изразуваме најдлабоко сочувство за семејството и најблиските – стои во објавата.
Полицијата и спасувачките екипи го извлекле возилото од водата, а првичните сомнежи укажуваат на можност за самоубиство. Сепак, точната причина ќе биде потврдена по извршената обдукција, велат неофицијални извори за српскиот Курир.

