Што се случува? Повеќе од 24 часа е целосно затворен овој патен правец

Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патот Струга – граничен премин „Ќафасан“, поради превртена цистерна на патот.

Портпаролот на СВР Охрид за МИА информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини цистерната сè уште не е тргната од коловозната лента.

Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин „Свети Наум“ кај Охрид или „Блато“ кај Дебар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде