Тешка сообраќајна несреќа – шест лица итно пренесени во болница

На регионалниот пат Желино – Тетово, вчера наутро се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице се здоби со тешки телесни повреди, а повеќе други, меѓу кои и две деца, се здобиле со полесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 30 декември 2025 година во 10:35 часот.

Во судирот учествувале патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П. (44) од Голема Лешница, тетовско, и патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ. (40) од Добарце, тетовско.

По судирот, возилата удриле и во паркирано „Јагуар“ во сопственост на А.З. (31) од Требош, тетовско.

Возачот на „БМВ“-то, Љ.П., се здобил со тешки повреди, додека неговиот сопатник Ј.Е. (20), возачот на „Голф“-от и неговите сопатници Г.Ј. (41), Л.С. (43) и две деца на возраст од пет и шест години, се здобиле со телесни повреди.

Сите повредени биле пренесени во Клиничката болница во Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде