Земјотрес со интензитет од 5,0 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Калифорнија рано утрово, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, се вели во соопштението.
Да потсетиме, вчера земјотрес стресе делови од Македонија, предизвикувајќи вознемиреност кај дел од граѓаните, особено во југозападниот дел од земјата.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, составена од сеизмолошки станици распоредени на целата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес вчера во 22 часот и 6 минути.
Според официјалните податоци, епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга, на приближно 103 километри југозападно од Скопје. Земјотресот е измерен со локална магнитуда од 2.8 степени според Рихтеровата скала.

