Силен земјотрес го потресе Јапонија, предизвикувајќи страв кај населението.
Потресот е регистриран во близина на источниот брег на најголемиот јапонски остров. Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди земјата во среда околу 15:26 часот по локално време.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот се наоѓал во Тихиот Океан, во близина на источниот брег на островот Хоншу, на длабочина од 19,3 километри.
Засега не е издадено предупредување за можен цунами.
„Тресењето беше толку силно што целосно се вкочанив од страв“, наведува едно од сведоштвата објавени на страницата на EMSC.
Јапонија се наоѓа на Тихоокеанскиот огнен прстен – едно од најсеизмички активните подрачја во светот – и располага со високо развиен систем за рано предупредување и управување со вонредни ситуации.

