Младо момче се преврте со трактор – со тешки повреди итно пренесено во болница

Тешко повреден е 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, откако со трактор излетал од патот.

-Вчера околу 18 часот во ОВР – Неготино е пријавено дека во атар на село Долни Дисан, на место викано „Василева Чешма“, Љ.К. од ова неготинско село, управувајќи трактор „фергусон“,

изгубил контрола и излетал надвор од патот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница – Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде