На социјалните мрежи се појави ново, вознемирувачко видео од пожар во бар во луксузниот ски-центар Кран-Монтана во Швајцарија, кое јасно го покажува моментот кога избувнал пожарот. Додека келнерите внесувале шишиња шампањ со прскалки, таванот се запалил, а некои од гостите, наместо да го напуштат местото, продолжиле да танцуваат и да ја снимаат драмата што се одвивала пред нивните очи, пренесе „Курир“.
Еден од присутните младичи, кој е најсмирен, се обидува да го изгасне пожарот со маицата. Друг извикува: „Гори, гори“ .
Во исто време, неколку од собраните продолжуваат да се забавуваат и да скокаат во ритамот на музиката, додека неколкумина од нив ги користат своите мобилни телефони за да снимаат што се случува…

