Започнаа врнежите од снег во Македонија – еве каде трупа во моментот

Под влијание на почеток на циклонска активност западно и северозападно од нас односно некаде над Италија, денес (петок 2 Јануари 2026 година) во западните предели од Македонија ќе има врнежи кои ќе бидат од дожд и од снег во пониските места (градовите) и само од снег на повисоките населени места и на планините каде ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а локално ќе се формира снежна покривка со висина и од над 15 сантиметри.

Во дел од градовите во западните предели ќе има и врнежи од влажен снег и токму овдека ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри.

Ќе започне да дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје и околината исто така ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а на околните планини ќе има услови за слаби врнежи од снег. Појава на слаб снег краткотрајно може да има и во повисоките предели од котлината. И во Скопје и околината ќе започне да дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 3/4 степени, утрово соопшти Славчо Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде