НАЈНОВА ВЕСТ: Трупа снег утрово во овие делови од Македонија – внимателно доколку патувате!

Фото: Архива

 Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на република Македонија рано утрово информираше за тешко проодни патни правци поради интензивни снежни врнежи и нагло влошување на временските услови.

Според истиот извор, тешко проодни се патните правци: Скопје-Тетово, Тетово-Гостивар, Маврово-Дебар, Кичево-Охрид и Козјак-Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на земјата.

На бројот за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила и едно излетување од пат. ЦУК ги повикува граѓаните да возат внимателно, да ги следат препораките на надлежните служби и да користат зимска опрема.

Поради снежна покривка на коловозот, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) од 21:00 часот на 2 јануари 2026 година воведе задолжителна употреба на ланци за снег за сите возила на потегот Лисец-Попова Шапка.

Мерката е задолжителна поради стрмните делници и острите кривини на превојот, каде што непочитувањето често предизвикува блокади и застои. Полициските контроли ќе бидат засилени, особено поради зголемената фреквенција на возила во празничниот период. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде