Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана е пронајден мртов.
Член на семејството потврдил дека момчето е најдено починато и идентификувано преку ДНК анализа, велат од владата која изразува длабоко жалење и сочувство за македонската жртва во пеколната новогодишна прослава во познатиот ски центар Кран Монтана во Швајцарија. Сега се чека и официјална потврда од швајцарските истражни органи.
Семејството и пријателите уште веднаш упатија итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, Швајцарија.
На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за пожар во бар во Кранс-Монтана, во кој загинаа неколку десетици лица, а над стотина повредени, од кои многумина сериозно.
Додека жалиме за трагично загубените животи и оддаваме почит на напорите на првите одговори, нашите мисли се со семејствата на жртвите и повредените“, пишуваше на профилот на швајцарската Амбасада во Македонија.

