Жална вест споделија од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.
Со голема тага и неверување ја примиле веста за прераната смрт на претседателот на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ресен, Нане Ѓоргиевски.
Нане Ѓоргиевски беше човек кој целиот свој живот и ангажман го посвети на идејата, на партијата и на татковината.
Тој остави длабок и траен белег во функционирањето и развојот на ВМРО-ДПМНЕ, активно учествувајќи во повеќе партиски структури и секогаш ставајќи го општиот интерес пред личниот.
Ќе го паметиме како искрен другар, одговорен соработник и човек со високи морални вредности, кој несебично го пренесуваше своето искуство и визија на помладите генерации. Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, блиските и пријателите. Нека почива во мир“, пишува во објавата.

