КОЈ КАКО НИВ: Новогодишен ваучер во вредност од 6.000 денари за овие луѓе

Пред крајот на 2025 година, познатиот македонски маркет КАМ реши да ги изненади своите вработени на пријатен начин.

Во духот на новогодишните празници, КАМ и оваа година ја продолжува традицијата на грижа за своите вработени, доделувајќи им ваучери за спортска опрема од продавниците на Sport Vision, во вредност од 6.000 денари, како дел од бенефициите што ги обезбедува компанијата.

Оваа награда претставува наше искрено признание и благодарност за нашите вработени, за нивната посветеност, вложениот труд и значајниот придонес со кој ги заедно ги остваруваме нашите заеднички цели.

Во Новата 2026 година, заедно да продолжиме да достигнуваме нови успеси за паметење и вистински вредности за споделување, соопштија од КАМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде