Патнички автобус излетал од коловозот во близина на Нова Пазова, во реонот на излезот кон Старе Бановце, јавуваат српските медиуми.
Според досегашните информации, во сообраќајната незгода нема повредени лица, но материјалната штета е значителна.
По излетувањето, автобусот завршил во одводен канал покрај патот, каде што останал накосен.
Засега не се познати причините за несреќата, ниту околностите под кои возилото ја напуштило коловозната лента. Надлежните служби излегоа на терен и работат на утврдување на деталите за инцидентот.
Сообраќајот во овој дел од патот се одвивал отежнато за време на интервенцијата.

