Тешко е повредено 19-годишно момче од Скопје откако паднало од трет кат на куќа во општина Илинден.
Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот, кога младиот човек, кој бил на гости кај роднини заедно со својата мајка, паднал од третиот кат на куќа во Илинден.
Според првичните информации, тој имал здравствени проблеми.
„По падот, 19-годишникот се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што лекарите ја констатирале сериозноста на повредите.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата“, информира МВР.

