Во месноста „Сеферов бунар“ во близина на кичевското село Трапчин дол, по претходна расправија, двајца жители на Кичево, А.А. (45) и Ј.Д. (36), со нож го нападнаа нивниот познаник и сограѓанин Б.А. (38).
Жртвата претрпе убодни рани и првично е хоспитализирана во болницата во Кичево,
но поради сериозноста на повредите е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Двајцата напаѓачи се уапсени од полициски службеници од ОВР Кичево и се сомничат за напад со нож.
Се води истрага за случајот.

