Дали сте подготвени? Следува голема промена на времето

Од четврток нагло заладување, снег во градовите и опасност од голомразица.

Почнувајќи од четврток, територијата на Македонија влегува во нов, многу поладен и влажен период поради продор на студен воздух од север.

Во овие услови, врнежите од дожд кои се очекуваат деновиве постепено ќе се претворат во снег, најпрво на повисоките населени места и планини, а потоа и во градовите.

Прогноза по региони:

Во западна Македонија сеочекуваат повеќе врнежи со снежна покривка на планините и повисоките населени места од над 20-30 см. Во градовите снежната покривка ќе достигне 5-10 см, локално и над 15 см. Во Пелагонија снежна покривка од 2-5 см, додека пак во источните и североисточни предели се очекуваат 5-10 см снег. Централни и југосточни предели ќе бидат значителна снежна покривка.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од западен, северозападен и потоа северен правец. Температурите нагло ќе опаднат, што ќе создаде услови за голомразица од четврток (8 Јануари).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде