Повредени двајца малолетници откако „ауди“ со италијански регистарски ознаки, откако изгубило контрола удрило во бетонски ѕид во скопско.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (05.01.2026) во 19:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од село Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

