Тажна вест: Почина Јованка Јолиќ

Јованка Јолиќ почина на 4 јануари, а веста за нејзината смрт ја потресе јавноста, особено оние кои со години ја следеа нејзината појава во медиумите и на социјалните мрежи.

Последното збогување со Јолиќ ќе се одржи во петок, на 10 јануари, на гробиштата Леšће во Белград, каде семејството, пријателите и блиските ќе ѝ оддадат почит.

Јованка Јолиќ беше препознатлива по својот неконвенционален јавен настап и по темите што ги отвораше, со што предизвикуваше бројни реакции, дискусии и поделени мислења.

Без разлика на различните гледишта, таа остави белег во јавниот простор и беше личност која ретко кого оставаше рамнодушен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде