Тешка сообраќајка вечерва – првични информации

Автомобил излетал од коловозот, се искачил на тротоар и удрил во ограда на приватен имот во Волково, во близина на местото викано „Шкорпион“ во Ѓорче Петров.

Инцидентот се случи во вечерва, а според сведоштво на очевидец, за среќа во моментот на несреќата на тротоарот немало пешаци ниту други возила.

Од фотографиите и пораките што ги испрати очевидецот, може да се види дека дека невниманието на возачот можело да доведе до голема катастрофа. Повикана беше полиција која правеше увид, а возачот ќе биде тестиран за алкохол.

„Излета на тротоар и удри кај комшијата во ограда. Лом им направи. Среќа што немаше возила и луѓе на тротоар. Овде е страшно да се живее веќе. Хаос“, стои во сведочењето за „Скопје1“.

Жителите реагираат дека ваквите сообраќајни инциденти се зачестени и апелираат до институциите за зголемени контроли, особено во вечерните и ноќните часови, како и за подобра сообраќајна сигнализација и физички мерки за заштита на пешаците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде