УБАВА ВЕСТ: Почна исплатата на парите за оваа категорија на лица

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека почнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за декември 2025 година.

  • Гарантирана минимална помош
  • Гарантиран детски додаток
  • Додаток за социјално домување
  • Еднократна парична помош
  • Еднократна парична помош за новороденче
  • Образовен додаток
  • Образовен додаток – студирање
  • Родителски додаток за трето дете
  • Социјална сигурност за стари лица
  • Траен надоместок
  • Цивилна инвалиднина
  • Сместување во згрижувачко семејство.

„Исплатата на правата: Посебен додаток, Парична помош за попреченост и Туѓа нега ќе се изврши дополнително.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Јануари  2026 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 

  • 05.01.2026– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
  • 06.01.2026– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш“, соопштија од министерството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде