По долго боледување, на 61-годишна возраст почина Влатко Костадиновски.
Цели 24 години беше дел од телевизија Канал 5, каде што од 2002 година остави длабок и траен белег со својата професионалност, посветеност и човечност.
Ќе остане запаметен како исклучителен колега, и пријател, кој со својата работа и личност придонесе за развојот на медиумската сцена во Македонија.
Неговото дело и споменот за него ќе живеат и понатаму.

