Македонија во шок: Двe 30-годишни момчиња пронајдени мртви во куќа

Двајца 30-годишни скопјани синоќа се пронајдени мртви во викендичка во гостиварското село Горна Ѓоновица.

Случајот, како што соопшти полицијата, бил пријавен синоќа нешто пред полноќ во гостиварската полиција.

– Станува збор за Т. Ј. (30) и И. Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта – се вели во соопштението.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде