Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, на подрачјето на Скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд.
Според последните инфомации забележано е мало локално излевање на реката Вардар во општина Зелениково,
кое не предизвикало материјална штета, при што се препорачува внимателно движење во близина на речното корито.

