УБАВА ВЕСТ: Проверете ги сметките, власта денеска изврши исплата

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплатата на социјалните права за месец декември 2025 година, кои вклучуваат посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега.

Корисниците кои поседуваат дебитна картичка можат средствата да ги подигнат на банкоматите, да ги користат за безготовински плаќања во продавниците, или преку електронско и мобилно банкарство.

Дополнително, денеска средствата можат да се подигнат и директно во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Оваа мерка е дел од редовната социјална поддршка на државата, која има за цел да им помогне на граѓаните со потешкотии, лицата со попреченост и оние кои се зависни од туѓа нега.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде