Бојан Јовановски Боки 13 продолжи со неговите емисии кои ги емитува на Јутјуб, а минатата вечер реши да му се јави на поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев.
Односите меѓу Боки 13 и Заев не се најдобри откако познатиот водител беше осуден и заврши во затвор.
Во текот на судските постапки и по нив, Зоран Заев даде и јавни изјави поврзани со Боки 13, со што дополнително се продлабочи дистанцата меѓу некогашните сојузници.
Од тој момент, нивната комуникација практично престана, а односите останаа обележани со тензии и јавни препукувања.
Боки 13 реши да го добие Заев на телефон, меѓутоа неуспешно, па реши да му остави порака, а тоа може да го погледнете на видеото во продолжение.

