Јоци „удри“ по синоптичарите: Што е ова денес, бе!? Дај, бе, не тупете више…

Ко бев дете, а и тинејџерка, беше многу едноставно и се знаеше – си легнуваш, стануваш сабајле, погледнуваш низ прозорец и коа тоа – затрупало метар снег.

И фрка одма, се бараат чизми ракавици, капи по шкафови, викање по дома пошто ќе се касни на работа, во школо…

Без најави и очекувања ,,лелееее, утре снег”, пошто УХМР редовно појма немаа од ништо. Тапурии. Па и виц имаше за нив – ,,индијанците собирале дрва за зимото, УХМР ги гледале со денови и објавиле – ,мнооогу ладна зима ќе имаме’. И следниот ден индијанциве дупло поише дрва зеле да складираат, а УХМР со нова прогноза – сибирска зима ќе имаме”.

Што е ова денес, бе⁉️ Бизниси се тераат од глупости – ,,утре малку ветер, поише дожд, снег во планина (пошто не знаеме дека паѓа во планина), снегче малку може во Скопје, а може и не”.

И нормално – ни снег, ни бутур.

И оние европски сајтови тапа се одамна со прогнози за Скопје.

Дај, бе, не тупете више со претпоставки за 1 милиметар снег! Месец дена ве слушаме, па уште и ,,не е конечно, можно е да се смени нешто за 24 часа”.

Остајте го на раат облакот да сврти над Македонија и да нé затрупа, без да гњавите дека ,,петок накај понеделник снегот ќе падне во среда”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде