Нема крај на семејното насилство: Маж физички нападнат од својата девојка
На 9 јануари 2026 година во 17:15 часот, во СВР Штип, 26-годишен маж од Штип пријавил дека во својот дом бил физички нападнат од неговата 20-годишна девојка, М.Ј., по претходна расправија.
По целосно документирање на настанот, против сторителката ќе биде поднесен соодветен поднесок.

