Река луѓе го испратија во вечниот починок: Погребан младиот херој Стефан

Стефан Ивановиќ (31), кој трагично го загуби животот спасувајќи ги луѓето што се наоѓале во бар во Швајцарија во кој избувнал пожар во новогодишната ноќ, денеска беше погребан на гробиштата во родното село Јајчиќ.

Поради оваа трагедија, денеска во Љиг е ден на жалост.

Голем број пријатели и роднини се собраа пред семејната куќа на Стефан Ивановиќ. Колони возила беа паркирани пред домот.

Дворот беше исполнет со венци, а расплакани луѓе влегуваа кај семејството за да изразат сочувство.

Како што јавува репортерката на „Блиц“ од лице место, секој што ќе го сретнала во селото тргнувал кон погребот на младиот човек, носејќи во рацете цвеќе и свеќи.

Екипа на Итната медицинска помош влегла во дворот на куќата на настраданиот Стефан Ивановиќ, а едно полициско возило било паркирано пред објектот.

Пред куќата биле паркирани голем број автомобили, меѓу кои и со странски регистарски таблички.

Стефан Ивановиќ, обезбедувач во барот „Le Constellation“ на скијалиште во Швајцарија, трагично настрада во новогодишната ноќ кога избувнал пожар. Денови наназад се водеше како исчезнат, а потоа пристигна страшната вест дека Стефан загинал спасувајќи ги гостите на локалот. Несебично, тој неколкупати влегувал во запалениот бар и извлекувал претежно млади луѓе, но во еден момент се заглавил, а неговото тело било пронајдено по извршениот увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде