Утрово силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот

Силен земјотрес со јачина 5,1 Рихтер се почувствува во Реџо Калабрија, Мезина и други делови на Сицилија и Калабрија.

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени Рихтер се почувствува во 5:53 часот во Реџо Калабрија.

Бројни извештаи пристигнуваат и од Мезина и други подрачја на Сицилија и Калабрија, пренесува агенцијата Анса.

Според веб-страницата на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, епицентарот бил во морето кај Јонската обала на длабочина од 65 километри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде