Мобилната апликација „Мој ДДВ“ веќе неколку денови работи со потешкотии.
На социјалните мрежи можат да се забележат бројни поплаки од граѓаните дека не можат да скенираат сметки на апликацијата.
Кога ќе сакате да скенирате фискална сметка најчесто се појавува порака дека апликацијата нема конекција со УЈП.
На веб сајтот нема никаква информација зошто апликацијата не работи и кога ќе биде решен проблемот.
Во продолжение дел од реакциите на граѓаните:
„Ова е знак и апел не зимајте фискални, ни не скенирајте, они го полнат буџетот, а ние останѕваме со празни раце, вака ни зимај ни скенирај, направеме преку 16000 евра, а ни враќаат само смешни 30 евра, па видете која е математиката. Најдобро ни барање фискални, ни скенирање, нека се богатат газдите на маркетите, кога си играат мајтап со нас властите. Ова вака прави 3-4 месеца уназад.“
„НЕМОЖЕ НЕМАЛО КОНЕКЦИЈА КОЈА ВО ПОСЛЕДНИВЕ МЕСЕЦИ ЧЕСТО СЕ СЛУЧУВА ПА СМЕТКИТЕ ДА ЗАСТАРАТ ЗА.ДА НЕМОЖЕ ДА ПОМИНАТ.НИШТО НОВО ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ КАСНИ ИСПЛАТА НЕМОЖЕШ ДА СКЕНИРАШ ДОСТА НЕ ПОМИНУВААТ.НЕШТО ЧУДНО СЕ СЛУЧУВА СО ФИНАНСИИ“
„Два дена нема конекција!! Кога се јавив во некоја канцеларија, ми рекоа да се јавам на информации, а тие не дигаат слушалка! Значи проблемот е општ!?“

