УЖАСНО ВИДЕО: Автомобил влечеше санка со тинејџерки кои паднаа, а потоа беа прегазени од возило што ги следеше

Во селото Мршаќ на територијата на Краљево (Србија) се случила речиси фатална несреќа, во која две тинејџерки се здобиле со тешки телесни повреди.

На вознемирувачката снимка се гледа автомобил кој влече санкa во коja се превезуваат две девојчиња, на возраст од 16 и 17 години, а по нив следи друг автомобил кој го осветлува патот.

Овој вид лудо возење е опасен само по себе, но сето тоа се случува на многу лизгав пат полн со снег и мраз, што е дополнителен ризик на кој никој не треба да биде изложен.

Во еден момент, автомобилот забрзува и девојчињата паѓаат од санкaта, а возилото зад нив не може да застане и ги прегазува.

Двајцата возачи се уапсени – деветнаесетгодишниот Л. П. и триесет и петгодишниот Ѓ. Ј. Ве предупредуваме дека снимката е вознемирувачка!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде