НАЈНОВА ВЕСТ: Од полноќ нови цени на горивата

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1),

се зголемуваат за половина денар, додека цената на Еуродизелот останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на БС-95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 70,50 денари за литар, додека цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 72,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,50 денари за литар. Дизелот ќе продолжи да се продава за 64,50 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 денари за килограм и ќе изнесува 32,133.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде