НАЈНОВА ВЕСТ: Се излеа Црна Река

Продолжуваат поплавите кои ја погодија Македонија поради обилниот дожд кој наврна изминатиот период.

Вчера Црна Река повторно се излеа во демирхисарските села, претходно беше излезана во селата Бараково и Граиште, а сега се зафатени и други села.

На социјалните мрежи се појави видео од излеаната и надојдена река.

„Денеска Црна Река повторно се излеваше, а состојбата со поплавените површини воопшто не е подобрена. Напротив, стотици хектари земјоделско земјиште во атарите на селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света и понатаму се под вода.

Ова значи продолжување на штетите, дополнително уништување на посевите и уште поголема неизвесност за земјоделците кои живеат од својот труд.“ – стои во објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде