„Длабоко од душата, еееех бато мој…“ – познатиот пејач скршен од болка се прости од младиот Кристијан

Трагично згасна животот на младиот охридски снимател и продуцент Кристијан Љушев.

Во трагичен настан што се случи денеска во станбена зграда во изградба, животот го загуби младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, на само 28 години (21.04.1997 – 12.01.2026).

Кристијан беше дел од новата генерација македонски креативци, препознатлив по својот талент, посветеност и автентичен визуелен израз. Зад себе остави богато професионално портфолио и бројни проекти кои допреа до широка публика. Работеше на реклами, документарни филмови и музички видеа, а беше вклучен и во интернационални продукции.

Како автор и соработник, реализираше видео спотови за повеќе познати музичари, меѓу кои Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз и групата Марама, како и за многу други уметници.

На социјалните мрежи вечерва се огласи пејачот Јосифоски кој скршен од болка напиша:

Еееех…
Длабоко од душата, еееех бато мој…
Само да пробам можеби ќе ми стане полесно,
на миг,да пишувам, да пишувам и да пишувам…
да бидеме поблиску, барем вака.
Колку можам да напишам за нас,
за нашата дружба…
Една слика сум одбрал ееех,,,до ова дојдовме да барам слика за да те поздравам на овај начин?
а можев милион наши да ставам.
А колку заеднички моменти имавме
за кои нема слики
тие ќе останат врежани тука,
во мене, бато мој…
Крис, бе бато…
Каде да напишам за да видиш?
Каде?
Еве, тука ќе пишам,
барем малку да ми помине додека пишам,
да ја споделам маката со другите,
можеби ќе се намали…
Нека ти е светол патот таму,
како што светеше и тука ти.
Сите што те знаат ,знаат
каква личност беше ти
од другар до брат брате мој.
Остави едно место за болка, бато мој…
А јас ќе те памтам секогаш
по се шо беше ти
ведар, креативен, емотивен, авантурист…
И ОНА НАШЕТО:
„Ајде да снимаме спот, да избегаме од овај Охрид,да прошетаме малку…“
СЕКОГАШ ВО МОЕТО СРЦЕ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде