Охриѓанец на возраст од 28 години го изгуби животот по пад во зграда во Охрид, јави Охрид прес.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата во која настрада лицето. Неофицијално, лицето паднало во окно од лифт во зграда.
Супер радио и OhridPress дознаваат дека повредениот денеска, околу 15:00 часот, бил донесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде биле направени обиди за негова реанимација, но истите за жал биле неуспешни.
Повеќе информации за настанот, од СВР Охрид најавуваат за во текот на утрешниот ден.

