Доцна синоќа страотна сообраќајна несреќа – пет лица се повредени

Фото: Архива

Денеска по полноќ, во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу

патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола, информираа од полицијата. 

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по преземени мерки е констатирано дека возачот на патничкото возило „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно во организмот имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде