Грипот ја зеде првата жртва, жена почина на Инфективната клиника

Грипот ја зеде првата жртва. На Инфективната клиника почина жена на 75 – годишна возраст.

Имала и други хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

Уште двајца други пациенти се во критична состојба и на респиратор, а неколкумина на кислородна поддршка.

Хоспитализирани се 25 пациенти, повеќето повозрасни.

Инфектолозите велат – прегледите се зголемени, пациентите кои имаат хронични заболувања и не се вакцинирани се најмногу на удар на грипот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде