На социјалните мрежи се појави видео од несреќата во која синоќа гореше товарно возило.
„Во моментов на автопатот Скопје – Штип гори камион. Интервенира ТППЕ Свети Николе, а на терен покрај МВР е и амбулантно возило од Виницa.“, стои во описот на објавата.
„Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.“, информира утрово АМСМ.
Засега нема информации за евентуално повредени лица.

