Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период.
Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање и проширување на снежна покривка во Македонија.
До тогаш останува претежно стабилно и суво време со услови за појава на магла и на ниска облачност по котлините како и со појава на утрински мразеви и минусни температури.
Сепак, дневните температури ќе бидат во помал пораст и тие ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени и потоа како што реков околу и по Водици повторно очекувам нивно опаѓање.
НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за повеќе дневна метео анализа, промена во прогнозите се можни па затоа граѓаните да ги следат моите краткорочни и конечни метео анализи кои се со можност за повеќе од 90 % за остварување.

