Штипската јавност денеска е завиена во тага по веста дека почина Дејан Илиевски-Буцо, младиот човек за кого изминатиот период се собираа донации со надеж дека ќе му се спаси животот.
Илиевски се наоѓаше во тешка здравствена состојба и беше на респираторна поддршка, а бројни хумани граѓани од Штип и од целата држава се вклучија во апелите за помош, покажувајќи голема човечност и солидарност.
За жал, и покрај сите напори на медицинскиот персонал и поддршката од јавноста, битката за неговиот живот беше загубена.
Веста за неговата смрт предизвика силни емоции и тага кај сите што ја следеа неговата борба, но и потсетување на кревкоста на животот и значењето на заедништвото во најтешките моменти.

