Тажната вест ја објави пратеникот Благој Бочварски:
Со огромна тага ја примив веста за смртта на Санде Џамбазовски, истакнат долгогодишен член и еден од основачите на СДСМ во Штип.
Низ целиот изминат период безброј пати разговаравме за минатото, но и за денешната политичка состојба во државата, а секој наш разговор беше искрен и многу значаен.
Санде беше исклучително мудар човек, како поранешен претседател на СДСМ Штип, пратеник и заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство остави неизбришлива трага во нашата меморија како стручен и посветен човек на професијата и социјалдемократијата.
Почивај во мир Санде!, напиша Бочварски.


