ТРАГЕДИЈА: Едно лице го загуби животот во пожар

По пожар во стан во зграда во Блок 70 во Тетово, вчера едно машко лице го изгуби животот, а уште еден маж е повреден, пренесува „Тетово инфо“.

Пожарот во Територијалната против пожарна единица Тетово бил пријавен во 19.05 часот.

Од СВР Тетово потврдиле дека било најдено починато машко лице, како и едно повредено лице.

Од полицијата повеќе детали најавија за во текот на денешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде