Ужасна вест: Маж со остар предмет се заканувал на своите ќерки и ја нападнал сопругата

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Ужасна вест: Маж со остар предмет се заканувал на своите ќерки и ја нападнал сопругата

Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(56) затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне.

Претходно, со остар предмет, упатувал закани и кон нивните две ќерки, при што оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде