Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“.
Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби.
За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано спроведување.
Дека не се укинува мерката „МојДДВ“ во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, објасни и директорката на УЈП, Елена Петрова, која посочи дека:
„За 2025 година, за секое тримесечје преку мерката се исплаќаат околу 14,5 милиони евра директно кон граѓаните и во просек 502.000 граѓани активно скенираат фискални сметки и добиваат поврат на средства во едно тримесечје“.
Во текот на 2025 година за редовна исплата исплатени се 3.458.885.995 денари, што е 56,2 милиони евра средства вратени на сметките на граѓаните по основ на „МојДДВ“.

