Трагична вест ја потресе Македонија.
Синоќа во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца, соопшти СВР Велес.
Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

