Ужасна вест ја потресе Македонија: Млада трудница го загуби осуммесечниот плод – ГАК негира лекарска грешка

Семејството на млада трудница од Велес бара итна институционална истрага откако го загубија нероденото дете, објави Инфомакс.

Родилката А.К од Велес била донесена и примена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје со болки пред породување, сведочи семејството во разговор со Инфомакс.

Откако била прегледана, трудницата била пуштена дома со образложение дека нема болки.

Сепак, болки се појавиле повторно по кратко време и нејзината состојба се влошила, по што била однесена во болницата во Велес каде констатирале дека плодот нема срцева реакција.

Семејството изразува сериозен сомнеж за лекарска негрижа и ненавремена медицинска реакција и бараат од надлежните институции целосно да го испитаат случајот и да утврдат евентуална одговорност.

Целиот текст на Инфомакс прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде