Денес, кратко по 11:25 часот, земјотрес го тресе југозападниот дел на Македонија.
Според телеметриската сеизмолошка мрежа, потресот потекнува од соседна Албанија, на околу 155 километри од Скопје, и достигна локална магнитуда од 3.8 според Рихтеровата скала.
Најсилно земјотресот бил почувствуван во градовите Охрид и Струга, како и во околните населби, каде жителите пријавиле блага тресење, оценето на III степен според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолозите од Природно-математичкиот факултет во Скопје нагласуваат дека за сега нема информации за причинета материјална штета, а екипите продолжуваат со мониторинг на регионот.

