ХОРОР: 57-годишник нелегално снимал и вознемирувал 18-годишна девојка

Педесет и седумгодишен тетовец е лишен од слобода поради тоа што долг период вознемирувал 18-годишна девојка. Тој ја следел и ја снимал со мобилен телефон.

Според информациите од полицијата, завчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), постапувајќи по претходна пријава од оштетената.

Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без нејзина согласност.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде