Тешка сообраќајка вечерва – првични информации

Скопската општина Кисела Вода вечерва беше вознемирена од сериозна сообраќајна несреќа на булеварот „Борис Трајковски“.

На местото на настанот се судрија најмалку две возила, при што едно „БМВ“ остана без задна гума од силината на ударот.

Сцената наликуваше на вистински хаос – делови од возилата беа расфрлани по коловозот, а сообраќајот во двата правци беше отежнат.

Засега нема официјални информации за состојбата на возачите и патниците. Полицијата е на терен и врши увид за утврдување на причините за несреќата.

Жителите од околината реагираат дека булеварот „Борис Трајковски“ одамна е познат како црна точка поради чести прекршувања на сообраќајните правила и голема брзина на возилата. Тие бараат засилени контроли и дополнителни безбедносни мерки за да се спречат понатамошни несреќи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде