Пациент почина од грип на Клиниката за инфективни болести

Пациент од внатрешнста на земјата во раните утрински часови починал од грип на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Како што кажа директорот Фадил Цана, кај пациентот симптомите се развиле пред пет дена и бил поставен на механичка вентилација.

– За жал, вчера во утринските часови на Инфективна клиника почина 69 годишен пациент кај кого беше потврдена лабораториски Инфлуенца А.

Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија и акутен респиратрен дистрес синдром, рече Цана.

Пациентот имал бројни коморбидитети и не ја примил сезонската вакцина против грип, иак бил во ризичната група.

Во моментов на Инфективно се хоспитализирани околу 30 заболени од грип, од кои еден е посериозен случај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде